Францускиот клуб Пари Сен Жермен размислува за „план Б“, доколку не успее да излезе како победник во трката за напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе. Реал Мадрид е во пол – позиција за младиот француски напаѓач, а ако тој пристигне на „Сантијаго Бренабеу“, тогаш ПСЖ ќе се обиде да го купи Герет Бејл, токму од редовите на „кралевите“.
Ако Реал Мадрид успее да го доведе Мбапе, тогаш сигурно ќе мора да се ослободи од една ѕвезда од триото Бензема – Роналдо – Бејл, а раководството на „светците“ смета дека понуда во вистински момент би можела да ги убеди челниците на „кралскиот клуб“ да го продадат Велшанецот. Според информациите од Франција, ПСЖ е подготвен да плати околу 80 милиони евра за ангажман на Герет Бејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА