ПСЖ го „наполни“ Беверен, мечот го одбележа пеналот на Нејмар и Икарди (ВИДЕО)

И покрај тоа што француската фудбалска федерација ја прекина сезоната, Пари Сен Жермен почна со подготвителни натпревари како би биле подготвени за Лигата на шампионите. Во вториот меч по паузата „светците“ во еден нов формат 4х30 минути го преслушаа белгискиот Беверен со 7-0.

Се почна со автоголот на Вукотиќ во 21. минута. Во 28. минута Нејмар од пенал зголеми на 2-0, а најинтересниот момент се случи во 47. кога Нејмар во стилот на Меси му асистираше на Икарди кој зголеми на 3-0. Во 60. минута и Килијан Мбапе се запиша во листата на стрелците за водство од 4-0. Чупо Мотинг со два гола во 65. и 67. минута зголеми на 6-0, а конечните 7-0 ги постави Мбе Со во 94.

Пари Сен Жермен во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со италијанската Аталанта.

Се вчитува...