ПСЖ го нуди Ареола и 40 милиони евра за да го добие Донарума

Францускиот првак Пари Сен Жермен повторно сака голман од Италија. По одисејата на Џанлуиџи Буфон која траеше кусо, сега „светците“ сакаат да го доведат многу помладиот Џанлуиџи Донарума. За тоа се подготвени да го понудат Алфонс Ареола, кој оваа сезона е на позајмица во Реал Мадрид, и да платат дополнителни 40 милиони евра за да го ангажираат Донарума.

Талентираниот италијански голман би добил и фантастична плата од еден милион евра месечно. Агентот Мино Раиола веќе подолг период се обидува да реализира трансфер за Донарума. ПСЖ е можеби и најреалната опција за негово заминување од Италија.

Евентуалното доаѓање на Донарума ќе значи и заминување од Кејлор Навас, кој не воодушеви на голот на „светците“ по доаѓањето од Реал Мадрид.

Се вчитува...