ПСЖ го освои купот на Франција, но го загуби Килијан Мбапе (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен го освои купот на Франција откако во финалето го совлада Сент Етиен со минимални 1-0. Сепак, натпреварот го одбележа „крвничкиот“ старт на Перин над Килијан Мбапе, кој во солзи го напушти теренот, а капитенот на Сент Етиен доби директен црвен картон. Веднаш по стартот настана масовна тепачка. Ногата на Килијан Мбапе заврши во лонгета, а Французинот на стадионот се врати со помош за штаки.

Ова се големи проблеми за тренерот на „светците“ Томас Тухел, кој дефинитивно нема да може да смета на една од своите ѕвезди на завршницата од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...