ПСЖ ќе мора да избира: Винисиус или Луис Енрике?!

Незадоволството на Винисиус од Чаби Алонсо е и повеќе од очигледно, па се поголеми се шансите Бразилецот следното лето да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Клубовите од Саудиска Арабија нема да жалат пари за да го доведат Винисиус како нова ѕвезда во оваа лига, но последните информации говорат дека ПСЖ сериозно се вклучува во трката по големата ѕвезда на светскиот фудбал. „Светците“ гледаат на Винисиус како идеално засилување за иднината, особено ако се знае дека следното лето би требало да биде достапен за отштета од максимални 100 милиони евра, кога ќе влезе во последната година од договорот со „кралевите“.

Постои само еден огромен проблем – тренерот Луис Енрике е голем ривал на ваквата идеја. Трофејниот стратег верува дека Винисиус со проблематичното однесување би можел да ја наруши хармонијата во клубот и целиот концепт на кој инсистира Енрике кој секогаш бара максимална дисциплина од сите играчи.

Шпанските медиуми шпекулираат дека тој дури се заканил и со поднесување оставка ако Винисиус пристигне на „Паркот на принцовите“. Она што е сигурно, тој ќе остане во ПСЖ до крајот на сезонава, но следното лето би можело да биде многу бурно во таборот на францускиот гигант.

Се вчитува...