Раководството на Пари Сен Жермен е подготвено на Тотенхем да му плати 100 милиони евра отштета за капитенот на лондонскиот клуб и англиската репрезентација Хари Кејн, пренесуваат француските медиуми.
Тотенхем одби две понуди од Баерн од 70 и 80 милиони евра за Кејн, а лондонскиот клуб бара 100 милиони евра.
Француските медиуми пренесуваат дека претставници на ПСЖ веќе разговарале со Кејн и со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви. За следната недела е закажан нов состанок на сите страни, а се очекува конечен договор меѓу Кејн и претставниците на францускиот шампион.
Кејн има договор со Тотенхем до јуни следната година, а минатата сезона постигна 32 гола на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА