ПСЖ му врати на Ливерпул, ќе се играат продолженија на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Екипите на Ливерпул и на ПСЖ ќе играат продолженија на „Енфилд“, откако францускиот тим славеше на реваншот во Англија со 0-1, и така ја анлуираше предноста која Ливерпул ја имаше на првиот меч во Париз.

Стрелец на единствениот гол беше Усман Дембеле во 12. минута. Веднаш после тој погодок, ПСЖ имаше шанси да зголеми на 0-2, па дури и на 0-3, откако првично се спаси по двете шанси на Салах.

Во вториот дел далеку подобар ривал беше Ливерпул, а Донарума и стативата го спасија тимот на ПСЖ од примен гол, и веројатно од елиминација во ЛШ.

Се вчитува...