ПСЖ нуди 100 милиони фунти за Маркус Рашфорд

Францускиот првак Пари Сен Жермен тргнува во офанзива по Маркус Рашфорд. Раководството на „светците“ сака да ја исполни желбата на Томас Тухел да го има напаѓачот на Манчестер Јунајтед на „Паркот на прицовите“. За тоа финансиски моќниот Пари Сен Жермен е подготвен да понуди 100 милиони фунти.

ПСЖ останува без Единсон Кавани кој после седум години заминува од клубот како слободен агент, а Томас Тухел сака токму Маркус Рашфорд да биде неговиот наследник. Во опција е и Антоан Гризман, кој не задоволи во првата сезона во дресот на Барселона.

Маркус Рашфорд минатото лето потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер Јунајтед кој го обврзува да остане на „Олд Трафорд“ до 2023 година. Во договорот има опција и за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Се вчитува...