ПСЖ нуди 70 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ

Францускиот првак Пари Сен Жермен стартува „операција Сергеј Милинковиќ Савиќ“. Спортскиот директор Леонардо смета дека неговиот ангажман значително би го зголемил квалитетот на тимот и подготвен е да понуди 70 милиони евра за српскиот интернационалец. По начелниот договор со Интер за Икарди за комплетен трансфер за 60 милиони евра, „светците“ сакаат од Италија во истиот авион да го доведат и Сергеј Милинковиќ Савиќ. Со тоа би бил комплетиран офанзивниот дел од составот, со оглед дека Килијан Мбапе речиси сигурно ќе остане уште една сезона во клубот, а и Нејмар доби понуди за нов договор до 2025 година.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, веќе три сезони успешно ги избегнува понудите за Србинот кој е еден од клучните актери во тимот на Симоне Инзаги, но по глобалната финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот можеби ќе мора да одигра поинаку. Во прв момент, тој подготвува одговор дека 100 милиони евра е цената за Сергеј Милинковиќ Савиќ, но преговорите секако ќе продолжат до конечен „дил“.

Се вчитува...