ПСЖ објави: Една добра и една лоша вест за Килијан Мбапе

Лекарскиот тим на ПСЖ ги објави првите резултати по тестирањата врз Килијан Мбапе, по бруталниот старт врз францускиот голгетер на куп-финалето со Сент Етјен на кој Мбапе заработи повреда на скочниот зглоб. Добра вест во целата ситуација е што не станува збор за скршеница на скочниот зглоб, но од друга страна има оштетување на лигаментите, кое најверојатно ќе го оддалечи Мбапе од терените во наредниот месец, кога „светците“ ги очекува завршницата од Лигата на Шампионите.

„Истегнување на десниот скочен зглоб со значителна повреда на екстерниот латерален дел од лигаментите. Ќе биде повторно прегледан за 72 часа“, објавија лекарите на „светците“.

Добра вест за тренерот Тухел е што на тренинг од утре ќе се вратат Диало и Бернат, како и дефанзивецот Керер, но јасно е дека без Мбапе во нападот францускиот првак со значително намалени шанси ќе влезе во завршните пресметки од ЛШ.

 

Се вчитува...