ПСЖ остана без „муниција“ против Оксер

Фудбалерите на актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен одиграа реми без голови 0-0 на гостувањето кај Оксер во меч од 14. коло од новата сезона во Лига 1.

Иако беа многу подобар противник и упатија дури 21 удар кон голот на противникот, избраниците на Луис Енрике сепак не успеаја да го матираат феноменалниот на голот на Оксер, Леон.

Во првиот меч од денешната програма во Лига 1 Лил славеше на домашен терен против Брест со 3-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...