ПСЖ по четири месеци конечно се враќа на терените

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе го одиграат првиот натпревар по пауза од четири месеци. Последниот меч тие го одиграа на 11. март, кога во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите ја совладаа Борусија Дортмунд.

Французите го прекинаа домашниот шампионат поради пандемијата од коронавирусот, а ПСЖ беше прогласен за шампион. Сега избраниците на Томас Тухел ги очекува четвртфиналниот меч во ЛШ против Аталанта, па поради тоа „светците“ мора да почнат со подготовки.

Тие ќе се сретнат со Ле Авр денеска од 19 часот на натпревар на кој ќе биде дозволено да присуствуваат 5.000 навивачи.

Се вчитува...