Пари Сен Жермен стигна и до третата титула во Франција сезонава откако вечерва во финалето на Лига купот по изведување на пенали славеше над Олимпик Лион со 6-5.
Регуларниот дел од натпреваро помина во израмнета игра, без големи шанси на двете страни, што доведе по 90. минути на семафорот се уште да стои почетниот резултат. Во првото продолжение како и во регуларниот дел двата тима играа внимателно и повеќе размислуваа на тоа како да го зачуваат својот гол, отколку да нападнат. Најинтересниот момент во продолженијата се случи во 119. минута кога фудбалерот на Лион, Рафаел доби црвен картон откако на работ на шеснаесетникот стартуваше над Анхел ди Марија. Нејмар биеше непрецизно, а натпреварот во пенал завршница.
Клучниот момент во пенал рулетот се случи во 6. серија кога Кејлор Навас успеа да го спречи ударот на Траоре, а во следниот пенал реализираше Сарабија за победа на „светците“ од 6-5. Следен предизвик за Пари Сен Жермен е четвртфиналето во Лигата на шампионите каде ќе се сретнат со Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА