ПСЖ ќе го пушти Мбапе како слободен фудбалер, ама нема да го продаде на Реал Мадрид

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот Килијан Мбапе веќе подолго се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но најверојатно нема ништо да испадне од тоа. „Кралевите“ неколку минати преодни рокови се обидуваат да го доведат Французинот.

Се очекува тоа да се случи и во следниот трансфер рок, но од ПСЖ не ни размислуваат на тоа да го пуштат Мбапе да замине. Од раководството на клубот попрво би оставиле да истече договорот на младиот фудбалер и да замине како слободен фудбалер, отколку да го продадат во Реал Мадрид.

Актуелниот договор на францускиот ас истекува во 2022 година, што значи дека во останатите две години тој сигурно останува на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...