ПСЖ сака да го „украде“ Лирој Сане пред носот на Баерн Минхен

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го доведе Лирој Сане како засилување за навалната линија во зимскиот преоден рок. Германскиот интернационалец ја надмина сериозната повреда на коленото поради која отсуствува од стартот на сезоната, а за негов трансфер е заинтересиран и Баерн Минхен. Но, раководството на „светците“ сака со побрза реакција да успее да го убеди Сане да дојде на „Паркот на принцовите“.

Германецот беше на прагот на трансфер во Баерн Минхен минатото лето, но сериозно се повреди на мечот против Ливерпул за „Комјунити Шилд“. Неговата вредност изнесува 100 милиони евра, а Манчестер Сити е согласен да му дозволи да си замине доколку заинтересиран клуб ја уплати потребната сума.

Се вчитува...