ПСЖ со пресврт спречи прв пораз сезонава (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ не дозволија прв пораз сезонава во Лига 1, триумфирајќи со пресврт на гостувањето против Ленс во 18. коло од првенството.

Ленс поведе со голот на Нзола во 36. минута, но во второто полувреме следеше пресвртот на францускиот шампион за конечна победа од 1-2.

Најпрво, во 59. минута Руиз израмни на 1-1, а во 86. минута Баркола стрелаше за победа од 1-2.


Се вчитува...