ПСЖ веќе го подготви отказот за Тухел, две имиња во игра за негов наследник

ПСЖ веќе сосема извесно на крајот од сезоната ќе се раздели со тренерот Томас Тухел.

Францускиот шампион се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но во ПСЖ, без разлика на се, веќе се сигурни дека новата сезона ќе ја дочекаат со нов тренер.

„Л’Екип“ пренесува дека отказот за Тухел е подготвен. Единствено може да го спаси пласман во финалето од Лигата на шампионите и освојување на истата.

Наводно, од клубот веќе почнале разговори и со нов тренер со Зинедин Зидан и Масимилијано Алегри. Зидан има договор со Реал Мадрид на уште две години, па затоа се поизвесно е дека Алегри ќе го наследи Тухел. Зидан би ја презел клупата на ПСЖ само доколку добие отказ од Реал Мадрид.

Се вчитува...