ПСЖ за гол подобар од Кјелце во мечот на неделата во ЛШ

Во мечот на неделата во ракометната Лига на шампионките, францускиот првак Пари сен Жермен на гостувањето во Полска славеше минимална победа против Кјелце со 29-30. Со оваа победа ПСЖ се издвои на лидерската позиција во групата Б од Лигата на шампионите со 16 бода.

ПСЖ во поголем дел беше во водство, на моменти и со пет гола разлика. Избраниците на Талант Душебаев имаа свои минути во средината на вториот дел кога на кратко успеаја и да го преземат водството поведувајќи со 24-23. Но, финишот на натпреварот одново беше во знакот на францукиот тим кој успеа да ја задржи контролата на играта и на резултатот и на крај да запише важна гостинска победа.

Во денешните натпревари од 9.коло во ЛШ, изненадување е поразот на Веспрем на гостувањето кај Алборг (29-26) во групата Б, но и  потразот на Пик Сегед од  Кристијанштад (33-32) во дуелот од групата А. Но, победата на денот ја има Бешикташ кој ја прекина перфектната серија на Монпелје од осум победи по ред и тоа на нивни терен (28-33).

Резултати 9.коло:

Група А: Рајн Некар Левен – Вардар 21-21, Кристијанштад – ПИК Сегед 33-32

Табела: Вардар 16, Нант 13, Барселона 12, Рајн Некар Левен 12, ПИК Сегед 9, Кристијанштад 6, Висла Плоц 2, ППД Загреб 2.

Група Б: Кјелце – ПСЖ 29-30, Целје – Фленсбург 27-30, Алборг – Весперм 29-26.

Табела: ПСЖ 16, Фленсбург 14, Веспрем 11, Кил 9, Кјелце 8, Целје 5, Мешков Брест 5, Алборг 4.

Група Ц: Динамо Букурешт – Елверум 33-34

Табела: Скјер 14, Горење 12, Адемар Леон 10, Елверум 10, Кадетеншафхаузен 6, Динамо Букурешт 2.

Група Д: Монпелје – Бешикташ 28-33

Табела: Монпелје 16, Мотор Запорожје 13, Бешикташ 9, Спортинг 6, Металург 6, Чеховски медведи 5.

Се вчитува...