Публика на премиерлигашките натпревари ќе има, но во очајно мала бројка

Влошената состојба со коронавирусот во Велика Британија ги менува плановите за враќање на навивачите на стадионите во Премиер-лигата. Наместо предивденото користење на 30 порценти од капацитетот од стадионот како што беше најавено од 1.октомври, ќе може да има присуство на бројка меѓу 1000 и 2500 илјади навивачи. Ова е посчено во официјаланта коресподенција меѓу владинисте ресоси што ја објавија англиските медиуми.

Ова значи дека државата не продолжува забраната за присуство на навивачи, но нема ниту да дозволи користење на дел од капацитетите како што очекуваа премиерлигашките клубови кои се сосочуваат со драстично намалување во приходите поради празните трибини. Во моментов во Англија се одржуваа пилот настани на кои е дозволено присуство на 1000 гледачи со почитување на социјалната дистанца кои треба да бидат показател за тоа дали може да има публика на стадионите.

Проблемот се појави последниве неколку дена затоа што Велика Британија се соочува со рапидно зголемување на бројките на заразени од коронавирусот. Дневните билтани покажуваат над 3000 новозаразени во последните неколку дена.

Се вчитува...