Пујол: Барса без Меси? Има уште многу да игра

Легендарниот капитен на Барселона, Карлес Пујол е уверен дека Лионел Меси има уште неколку години фудбал во неговите нозе.

„Зошто размислуваме за Барселона без Меси кога е тој тука. Има 32 години, а фудбалер како него кој води сметка за себе може да игра до 38 години“, изјави Пујол. 

Иако Барселона има проблеми сезонава, тоа не може да се каже за Аргентинецот кој пред неколку месеци ја освои „Златната топка“. Сезонава во сите натпреварувања на 27 натпревари постигна 19 гола и забележа 16 асистенции.

 

Се вчитува...