Пукна тиквата во Јуве – Роналдо сака во ПСЖ

Кристијано Роналдо на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус и ќе премине во францускиот Пари Сен Жермен, пренесуваат италијанските медиуми. Како главна причина за неговото заминување се нагласува „тивката војна“ со тренерот на „старата дама“ Маурицио Сари и лошите партии кои што ги има тимот по враќањето од паузата од коронавирусот во кои на два натпревари Јувентус не успеа да постигне гол.

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо го посакува Португалецот во своите редови и со помош на менаџерот на Роналдо, Жорже Мендеш работат на тоа тој да заигра и во Лига 1.

Како дел од трансферот се споменува дека во Торино ќе заминат Мауро Икарди и Леонардо Паредеш, како би можела да се исплати цената за услугите на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Се вчитува...