Пукна „трансфер-бомбата“: Влаховиќ е „црно-бел“, Јуве не застанува…

Душан Влаховиќ во следните неколку дена и официјално ќе стане нов фудбалер на Јувентус откако „старата дама“ ги договори условите за неговиот мегатрансфер од Фиорентина.

Клубовите интензивно преговараа два дена, за на крајот „виолетовите“ да ја прифатат вкупната понуда во висина од 75 милиони евра. Од оваа сума, Јувентус ќе плати 67 милиони евра за самиот потпис (исплатен на четири години рати), а остатокот ќе биде доплатен доколку се активираат неколку клаузули врзани со број на настапи, постигнати голови и освоени трофеи на Србинот во дресот на „старата дама“.

Со ангажманот на Влаховиќ челниците на Јувентус ќе го решат огромниот проблем со навалната линија, во ситуација кога Мората и Кеан се далеку од топ-форма, а Дибала е во војна со управата и би можел летово да си замине без никаква отштета.

Италијанските медиуми јавуват дека „старата дама“ не планира да застане, туку да ангажира уште најмалку едно засилување до крајот на овој преоден рок. Приоритет е ангажманот на Нандез од Калјари, кој може да игра и како класичен плејмејкер, но по потреба и како крилен офанзивец. Доколку Нандез пристигне во Јуве, тогаш управата на италијанскиот гигант ќе даде зелено светло за преселба на Артур во Арсенал.

Се вчитува...