Девет лица се повредени во пукотницата што се случи во раните утрински часови во саботата во близина на базата на англискиот фудбалски тим во Канзас Сити, јавуваат британските медиуми.
Инцидентот се случил на авенијата Трост, локација на само неколку минути возење од хотелот и тренинг центарот што Англија ќе ги користи за време на претстојното Светско првенство.
Полицијата добила неколку повици од граѓани околу 4 часот наутро откако биле пријавени истрели.
По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците затекнале хаотична сцена и голем број луѓе кои брзо се распрснале.
Според информациите од Полициската управа на Канзас Сити, на теренот биле пронајдени лица со повреди, а вкупно девет лица биле повредени во инцидентот.
Полицискиот капетан Џејк Бечина потврди дека меѓу повредените се три возрасни жени и дека се пренесени во болница за понатамошно лекување.
Степенот на повредите на другите жртви сè уште не е целосно познат, но се вели дека станува збор за различни видови повреди здобиени за време на инцидентот.
Полицијата не објави веднаш информации за можен осомничен или мотив за пукањето.
Истрагата е во тек и полицијата интензивно работи на собирање изјави од сведоци и преглед на достапните снимки од безбедносните камери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
