„Пулишиќ не се плаши од предизвици, посебно кога станува збор за клуб како Челси“

Кристијан Пулишиќ пристигна во Челси како огромно засилување, но не ги исполни очекувањата. Американскиот репрезентативец сега се наоѓа пред излезната врата на „Стемфорд Бриџ“ со оглед на интересот од Манчестер Јунајтед кој сака да го позајми до крајот на сезоната, но селектор на САД, Грег Берхалтер верува дека ќе остане дел од „сините“.

Тој вели дека Американецот со хрватско потекло е борец кој не се плаши од предизвици. Вистински голгетер, победник кој ќе докаже дека припаѓа во Челси.

„Тој е голем борец ќе видите. Секоја година се поставува истото прашање. Дали тој ќе биде стартер? Секоја година слушаме за истото, но секоја година тој е на теренот бидејќи има што да понуди. Тој е голгетер, победник. Може да видите дека во последните години се промени неговиот менталитет и тој го прифати предизвикот. Не се плаши од него, поготово кога станува збор за Челси“, вели Берхалтер.

Се вчитува...