Пулишиќ: Влегов на терен за да направам разлика на теренот, мојата самодоверба ми помогна да постигнам победнички гол за Челси

Челси вчера го совлада градскиот ривал Вест Хем со минимален резултат од 1-0, а за ваквиот исход најзаслужен беше резервистот Кристијан Пулишиќ кој се најде на вистинското место во 90 минута.

Офанзивецот беше проигран од Алонсо по што ја испрати топката зад Фабијански кој неколку минути претходно му одбрани пенал на Жоржињо. Со овој триумф „сините“ останаа на плус пет во однос на четвртопласираниот Арсенал, а по средбата херојот Кристијан откри што тренерот Томас Тухел му кажал пред да го даде победничкиот погодок.

„Ми кажа да направам разлика. Да комбинирам и да создавам можности. Добро е чувството да се биде посигурен во првите четири. Ни беше потребна домашна победа и се чувствуваме одлично пред нашите навивачи. Треба на високо ниво да ја завршиме сезоната. Имаме неколку добри лигашки натпревари, а потоа и финале. Требаше да влезам и да направам разлика и да покажам дека сакам да играм, мислам дека тоа и го направив“, истакна иницијаторот на победата на „сините“.

Се вчитува...