Пулишиќ во 90. минута донесе три бода за Челси против Вест Хем (ВИДЕО)

Челси успеа да се рехабилитира од поразот од Арсенал со триумф од 1-0 против уште еден градски ривал, Вест Хем во 34. коло од Премиерлигата. „Сините“ долго се мачеа да ја затресат мрежата на Фабијански, а во тоа успеаја преку Кристијан Пулишиќ во самата завршница.

Во интересниот финиш на мечот гостите остнаа со играч помалку по катастрофалниот старт на Доусон во 86. минута вреден пенал, но и покрај тоа што полскиот голман успеа да го одбрани очајниот обид од белата точка на Жоржињо, три минути подоцна Американецот донесе три бода за својот состав.

На победа денеска се радуваше Барнли кој славеше со 1-0 против Вулверхемптон благодарение на голот на Mатеј Видра, додека Брајтон и Саутемптон ремизираа со 2-2 на „Амекс“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...