Пуштени во продажба билетите за последниот натпревар во Лигата на нации

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за последниот натпревар на македонската репрезентација во Лигата на Нации, против Гибралтар кој се игра на 19. ноември со почеток во 20:45 ч. на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Билетите за натпреварот по цена од 100 и  150 денари од денеска можат да се купат на продажното место на ФФМ во Скопје Сити Мол, онлајн на https://www.karti.com.mk/ како и во продажната мрежа на МК Тикетс:

„Доколку сте заинтересирани за купување на ВИП билети, истите се достапни по цена од 1000 денари низ горенаведената продажна мрежа“ – информираат од ФФМ.

Се вчитува...