Продолжува катастрофалната серија на Тотенхем, откако вечерва во последниот натпревар од 21. коло тимот од Лондон загуби на гостувањето кај Брајтон и Хов Албион со 1-0. Тросард во 17. минута му донесе на Брајтон големи три бода во борбата за опстанок во Премиер-лигата.
Tотенхем по 21 одигран натпревар се наоѓа на шестата позиција на табелата со 33 бода, односно дури 11 помалку од лидерот Манчестер Сити. Брајтон е 17. со 21 бод и седум повеќе од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА