Путин ги одликуваше руските фудбалери

Фудбалската репрезентација на Русија не освои медал на Мундијалот, меѓутоа го собра симпатиите на јавноста со својот настап. Селекцијата на Станислав Черчесов стигна до четвртфиналето откако ја елиминира Шпанија, а таму загуби на пенали од финалистот Хрватска.

Русите се горди на постигнатото, а тоа го потенцираше и претседателот Владимир Путин, кој го одликуваше руските фудбалери со ’медал за заслуги’.

„Ова што го направивте не ја израдува само руската нација, туку и милиони луѓе низ светот кои го гледаа првенството. Ви благодарам за тоа од името на рускиот народ“, истакна Владимир Путин.

Се вчитува...