Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец Адриен Рабио има неколку понуди да ја продолжи кариерата во Премиерлигата, пренесуваат британските медиуми. Интерес за фудбалерот на Јувентус покажаа Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Рабиот пристигна во Јувентус во 2019 година од Пари Сен Жермен. Британските медиуми потсетуваат дека Рабиот и претходно преговарал со англиските клубови, но кариерата не ја продолжил во Премиерлигата, бидејќи имал големи финансиски барања.
Тој има договор со „старата дама“ до јуни следната година. За Јувентус одигра вкупно 180 натпревари и 18 пати се запиша во листата на стрелци. За француската репрезентација настапи на 39 натпревари и постигна три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА