Работата е завршена – Габриел Жезус е нов фудбалер на Арсенал

Бразилскиот репрезентативец, Габриел Жезус и дефинитивно ова лето од Манечстер сити ќе премине во Арсенал. Последна пречка за неговата преселба беа личните услови кои 25-годишникот заедно со својот менаџер успеал да ги договори со „топчиите“.

Бразилецот ќе потпише договор до 2027 година и ќе биде прва напаѓачка опција во таборот на Арсенал. Арсенал за овој трансфер ќе издвои 50 милиони евра. „Граѓаните“ пред пет и пол години го доведоа Жезус од Палмеирас за 32 милиони евра. За клубот од „Етихад“ запиша 236 настапа на кои постигна 95 гола и 46 асистенции.

 

Се вчитува...