Работнички доминантен против Академија ФМП

Работнички стигна до втората победа во сезоната откако во 6. коло славеше на домашен терен против Академија ФМП со убедливи 120-84. „Црвено-белите“ одиграа одличен натпревар во кој имаа целосна контрола од првата до последната минута и сосема заслужено славеа победа.

„Академиците“ беа достоен противник само во воведот на мечот когаа имаа и позитива од 8-10, но како што одминуваа минутите во ритам влегоа Форте и Џексон кои реализираа 20 од преостанатите 22 поени на Работнички во првата четвртина за предност од 30-14. Добриот ритам на нашиот најтрофеен тим проследен во висока реализација продолжи и до крајот на првото полувреме во кое предноста се искачи на +25 (64-39) со што беа решени дилемите за победник.

Но, и покрај тоа Работнички продолжи во ист ритам и на отварањето на второто полувреме, реализираа Бакоч, Форте, Малешевиќ и Нотиџ па домашниот состав беше блиску до надминување на границата од сто постигнати поени веќе по 30. минути игра (94-58). Последната четвртина беше само формалност во која шанса добија и најмладите играчи на двата тима.

Со 36 поени и 14 скока Форте го предводеше Работнички, а него го следеше Малешевиќ со 26 поени и 3 скока. По 20 поени за Академија ФМП постигнаа Џоунс и Коскоски.

Се вчитува...