Работнички доминантно против Гостивар за прекин на серијата порази (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички стави крај на серијата на порази во Првата кошаркарска лига откако во 15. коло славеше на домашен терен со убедливи 98-63 против Гостивар.

„Црвено-белите“ беа подобриот противник во најголемиот дел од мечот, стартуваа убедливо преку расположениот Форте кој го полнеше рекетот на гостиварци па нашиот најтрофеен тим имаше двоцифрена предност уште по првата четвртина. А, избраниците на Мираковски не престанаа ниту во продолжението од натпреварот. Скопскиот состав беше на врв на задачата на двата дела од теренот, од минута во минута ја зголемуваше предноста која на полувремето изнесуваше 51-24, за во еден момент од мечот домаќините да имаат постигнато и двојно повеќе поени од противникот (62-31) па до крајот следеше мирен финиш.

 

 

Победничката низа ја продолжи и Пелситер кој беше убедлив на гостувањето кај Струмица славејќи со 77-101. „Сино-белите“ беа рамноправен противник 14. минути од мечот, но серијата од 8-0 при крајот на првото полувреме донесе двоцифрена предност за битолчани (25-35) со што „зелено-белите“ ја превземаа иницијативата и на ја испуштија до самиот крај за победа број 12.

Се вчитува...