Работнички држи дистанца за Европа, Вардар едвај до реми, Шкендија загуби

Вардар ремизираше во Штип (3-3), Шкендија загуби во Прилеп (1-0), а дербито меѓу Работнички и Пелистер (1-1) исто така донесе поделба на бодовите. Ренова очекувано го совлада Шкупи (2-1), а Силекс славеше во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со 0-1.

Вардар имаше водство од 0-2 во Штип, но Брегалница дури и со играч помалку стигна до пресврт. А потоа Вардар во судиското продолжение израмни на 3-3.

bregalnica so vardar

Дарко Велковски во десеттата минута погоди со глава по слободниот удар на Фелипе, а Дејан Блажевски од пенал во 31.минута зголеми на 0-2. Горан Здравков исто така од пенал намали на 1-2 само четири минути подоцна, а во 60.минута уште еднаш стрелаше од белата точка.

Во 79.минута, петнаесетина минути откако остана без исклучениот Ранѓеловиќ, Брегалница дојде и до триумф. Здравков повлече противнапад, го проигра Наумов, кој ја погоди мрежата на Гачевски. Но, во судиското продолжение, Џигаури со удар со глава израмни на 3-3.

Победа во Прилеп го зема скалпот на Шкендија. Стрелец на победничкиот погодок за прилепчани беше Мирослав Станиќ во 25.минута од средбата.

IMG_1468

Дербито за Европа меѓу Работнички и Пелистер заврши со реми, 1-1. Филип Петров во петтата минута ја затресе мрежата на „романтичарите“, но Филип Дурански израмни на самиот истек од првиот дел. Во второто полувреме, Баже Илијоски и Себастијан Херера погодија во гредата од противничкиот гол, но на крајот дојде до поделба на бодовите.

IMG_1494

Ренова го совлада Шкупи со 2-1. Гостите први поведоа со голот на Бунјамин Шабани во петтата минута, а Филип Петковски израмни во првото полувреме. „Гипсарите“ дојдоа до триумф со погодокот на Валмир Нафиу во 60.минута од средбата.

makedonija gp - sileks 1

Силекс со три бода си замина од Ѓорче Петров славејќи со 0-1 против Македонија ЃП. Александар Пановски го постигна победничкиот гол во 35.минута од средбата.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 3-3

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 1-0

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1

РЕНОВА – ШКУПИ 2-1

Табела: Вардар 72, Шкендија 59, Работнички 49, Пелистер 45, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 29, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Се вчитува...