Пред третиот меч во полуфиналето на кошаркарскиот плеј-оф, Работнички одлучи да нема гостински навивачи. Тоа значи дека ТФТ ќе ја нема поддршката од своите фанови во можеби одлучувачкиот меч на сезоната, со оглед дека му треба уште една победа а да обезбеди финале и дуел со МЗТ Скопје во битка за трофејот.
Оваа одлука ја соопштија од ТФТ.
„Поради забрана за гостински навивачи од страна на домаќинот КК Работнички, утре 18.05.2025 година нашите поддржувачи нема да може да присустуваат на натпреварот. Иако физички нема да биде заедно на трибините, знаеме дека вашата поддршка ќе ја почувствуваме и од далечина“, стои во соопштението на ТФТ.
Инаку тимот од Тафталиџе во првите два меча како домаќини дозволија да има навивачи на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА