Засилувајќи се за настапите во Конференциската лига на УЕФА, Работнички официјално го промовираше како свој нов фудбалер, централниот дефанзивец Џелил Асани.
29-годишниот Асани потпиша двегодишен договор со „романтичарите“.
Доаѓа од редовите на Шкупи, каде настапуваше изминатава сезона а претходно во кариерата има настапи и за Влазрими, Металург и Шкендија во македонското првенство, како и за албанските суперлигаши Влазнија и Билиш Балш, потоа Рудар Приједор и Младост Какањ во БиХ, Торпедо Жидоно во Белорусија но и Питсбург во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА