Работнички го реши Шкупи, Вардар до реми со Струга ТЛ, Шкендија немоќна со Ренова (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 22. КОЛО….

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-0)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (1-1)

Петковски 75′ – Ристевски 21′(п)

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-0)

Пејаковиќ 41′

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

Стојкоски 1′, Прелчец 9′

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0

======================================================================================

  • Реми без голови и на дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Ренова
  • Работнички триумфално против Шкупи во скопската дерби-пресметка
  • Реми без голови во струмичката пресметка меѓу Академија Пандев и Беласица
  • Иван Пејаковиќ повторно носи победа за Пелистер. Со голот во 41. минута Пелистер го победи Борец со 1-0.
  • Крај на натпреварот на арената „Тодор Проески“. Вардар ремизираше со Струга ТЛ.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

83′ – 100% шанса за Шкупи. Топката по обидот на Трапановски и Региналдо се шеташе по гол-линијата од голот на Работнички, но на крајот расчистена опасноста

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-0)

82′ – Шефити во одлична шанса за Ренова, но среќа по голот на Захов топката не завршува во мрежата на црвено-црните

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (1-1)

1-1 – 75′ – ГООООООЛ ЗА ВАРДАР. Црвено-црните израмнуваат со голот на Филип Петковски на „Тодор Проески“.


ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-0)

67′ – Шкендија не успева никако да го скрши отпорот на Ренова

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

62′ – Шут на Матеј Цветановски од 15 метри, но над голот на Работнички

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

56′ – Одличен обид на Региналдо од слободен удар од 22 метри, но за малку покрај дирекот од голот на гостите

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во 22. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 41′ – ГООООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Нето шутира од далечина, одбива гостинскиот голман па на одбиената топка натрчува Пејаковиќ и од 12 метри стрела за 1-0

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

38′ – Одличен обид на Фреди Алварез од слободен удар од 25 метри, но сантиметри покрај десниот дирек од голот на Работнички

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (0-0)

35′ – Апсолутно без никакви возбудувања во Битола. Скромна претстава на теренот од двете екипи, калкулантска игра на средината од теренот

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

27′ – 100% шанса за Шкупи. Да Силва Нето сам пред голот на гостите, но шутира непрецизно

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (0-1)

0-1 – 21′ – ГООООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Александар Ристевски од пенал носи водство за Струга ТЛ против Вардар на „Тодор Проески“.


ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (0-0)

15′ – Мирен натпревар на „Тодор Проески“, без шанси и на двете страни

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 9′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Никола Прелчец стрела за водство на „романтичарите“ и од 0-2.


ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 1′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Уште незапочнат натпреварот, Кристијан Стојкоски го носи Работнички до водство против Шкупи на теренот на ФФМ

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 22. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================

Во 22. коло од ПМФЛ, дербито во Скопје каде Шкупи ќе се соочи со Работнички. Тетовска пресметка под Шара меѓу Шкендија и Ренова.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...