Работнички и Силекс одиграа без победник и во вториот меѓусебен пријателски натпревар пред настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Овој пат, на дуелот во Кратово, по оние 0-0 на првата меѓусебна средба, сега натпреварот заврши со по еден постигнат погодок на двете страни.
Најпрво Силекс поведе уште во првото полувреме, а конечните 1-1, израмнувајќи за Работнички, ги постави Кристоџеј Далеј во 57. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА