Работнички има перфектни „четири од четири“ на стартот од новата сезона, како јасен знак дека „центарци“ се подготвени да се вратат во борбата за висок пласман по лошата ланска сезона во која се бореа за опстанок во елитата.
Тренерот Мирковски врши одлична работа, состави квалитетен тим што е спој на младост и искуство, а огромен „плус“ се навивачите. Вечерва во „Лазар Лечиќ“ бевме сведоци на вистинска кошаркарска атмосфера што потсети на старите добри времиња на Работнички.
Победата над екс-тренерот Марин Докузовски носи дополнителна сласт за „центарци“, но и обврска да се продолжи во ист стил бидеjќи вистинските предизвици во новата сезона допрва претстојат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






















