Работнички лошо почна, но успеа убедливо да го совлада Куманово

Кошаркарите на Работнички успеаја да дојдат до четвртата победа во осмиот меч во Првата лига. Тимот од Градски Парк имаше лош почеток, но успеа во втората четвртина да се врати, и да ја одржи предноста до крајот на мечот.

Во првата четвртина се играше во „егал“, а на крајот одбраната на Работнички како да загуби концентрација, па шесте поени на крајот, го донесе Куманово во предност во првата четвртина со 22-27. Во втората целосна „рапсодија“ на домашниот тим која не само што успеа да се врати, туку брзо фати ритам и стигна до предност од 10 разлика. Како одминуваше времето, разликата растеше, па на полувреме Работнички замина со предност од 18 поени.

Куманово тешко успеваше никако да фати приклучок, односно Работнички заигра уште подобро и ги доби и третата и четвртата четвртина за конечен триумф од 119-83.

Најефикасен беше Ален од Куманово со 29 поени, додека кај победничкиот тим Форте постигна 26 коша, со 10 скока и девет асистенции.

Се вчитува...