Работнички нуди решение за вечното дерби да се игра во „Градски парк“

По информацијата од страна на Комесарот за натпревари при МКФ испратена до канцеларијата на КК Работнички со која се забранува одигрување на саботното дерби со МЗТ Скопје во салата во „Градски парк“ се до отстранувањето на сите утврдени недостатоци, од редовите на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб сепак очекуваат таа одлука да биде промената и вечното дерби в сабота од 19:30 часот да се игра таму каде што му е местото.

Како натпреварот би се одиграл во „Градски парк“ од Работнички нудат решение кое очекуваат да биде прифатено од МКФ.

„Нашиот клуб во согласност со управата го нуди следново решение: – Трибината спроти играчите (А Трибина) да биде со 20 редари кои ќе бидат во првиот ред; – На навивачката трибина присутните да бидат еден ред погоре и притоа ќе има доволно редари кои ќе одржуваат максимална безбедност; – На трибината над играчите (Б Трибина) да биде до пола затворена, до вториот столб. Се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени и дека вечното дерби ќе помине во максимална спортска и фер атмосфера“ – се вели во дописот од КК Работнички до нашата редакција.

Се вчитува...