Работнички одржа лесен тренинг против Кожув

Работнички очекувано лесно ја забележа и третата победа во рамките од Првата лига откако тимот на Марин Докузовски вечерва рутински ја одработе задачата на гостувањето против Кожув, триумфирајќи со убедливи 53-94.

Како што можеше и да се очекува, подмладениот тим на Кожув беше немоќен да им парира на „црвено-белите“ од „Градски парк“, кои рутински го диктираа темпото, од минута во минута зголемувајќи ја својата предност. Додека имаа сили, домаќините во првото полувреме колку-толку успеваа да парираат, па на оддмор се замина со само десет поени предност за гостите од Скопје (30-40). Сепак, подобрата физичка подготвеност и поголемото искуство беа пресудни Работнички уште повеќе да доминира во преостанатите дваесет минути, па на крајот да триумфира со убедливи 41  поен разлика.

Американецот Гинјард беше најрасположен за игра со 27 поени, Чавдар Костов постигна 17, а Бојан Крстевски постигна 12, без промашување (5/5 за два, 2/2 за еден поен). Најефикасни кај Кожув беа Мишковиќ со 25 и Пековиќ со 14 поени.

Се вчитува...