Работнички победува рутински и кога „Градски парк“ е празен (фотогалерија)

Работнички и во вториот натпревар од домашното првенство забележа победа, можеби и полесна од очекувањата ако се знае дека „црвено-белите“ не им дозволија на кошаркарите на Фени индустри во ниту еден момент да се понадеваат на изненадување во „Градски парк“. А храмот на Работнички вечерва беше празен, поради одлежување на казната од ланската сезона, но и тоа не им пречеше на избраниците на Докузовски да одиграат квалитетно, за доказ дека овој тим е подобар од оној ланскиот, па сигурно и со поголеми амбиции ќе влезе во завршницата од сезоната, кога ќе почне борбата за трофеите.

[new_royalslider id=”813″]

Се вчитува...