Работнички потпиша двегодишен договор со Босанецот Амир Велиќ (ФОТО)

Екипата на Работнички за новата сезона го промовираше и босанскиот интернационалец Амир Велиќ кој потпиша двегодишен договор со „романтичарите“.

26-годишниот Велиќ, кој потекнува од младинската школа на сараевски Железничар, игра на централната дефанзивна позиција, и доаѓа од екипата на Игман Коњиќ.

Претходно во кариерата настапувал и за екипите на Горажде и Орашје во БиХ.

Се вчитува...