Работнички ремизираше без голови против Напредак Крушевац на првиот тест

Работнички ремизираше без голови против Напредак Крушевац на првиот тестРаботнички ремизираше без голови на првиот пријателски натпревар против српскиот клуб Напредак Крушевац што се одигра во Пехчево. Избраниците на Александар Влахо одиграа квалитетен меч како вовед во серијата тестови во текот на летните подготовки. Шанса добија сите фудбалери, а Работнички беше подобар ривал и имаше неколку убави шанси за погодок.

Во првиот дел, Марио Станковски беше во шанса, шутираше силно, но за малку крај голот во 17.минута, а десетина минути подоцна Марјан Ристовски се закани со удар со глава.

Александар Влахо го стартуваше мечот со следниот тим: Мустафа, Вецески, Кировски, Илиевски, Стојков, Тодоровски, Максимов, Ристовски, Тантуровски, Стојкоски, Станковски. Во второто полувреме играа и Јанков, Исмаел, Османоски, Ангелов, Мисердовски, Лазаров, Амгеловм, Сухељ, Хајдари, Ѓурчиновски, Бафтијар, Николовски.

Се вчитува...