Работнички ремизираше против Скендербег

Работнички ремизираше 1-1 против албанскиот прволигаш Скендербег, во првиот натпревар што „романтичарите“ го одиграа како дел од подготовките во Словенија.

Виктор Треневски им даде шанса на сите фудбалери да ги покажат своите квалитети, а осцилациите во играта беа сосема нормални со оглед на фактот дека ова е прв натпревар за Работнички летово, а згора на тоа македонскиот тим е без неколку фудбалери кои се дел од нашата младинска репрезентација.

Скендербег прв поведе во 77. минута преку Лилај, а израмнувачкиот гол за македонскиот прволигаш беше дело на Кадриу, кој имаше фантастично деби во дресот на „романтичарите“.

Се вчитува...