Работнички во лоша серија во финишот на првенството: Пораз од Куманово во првиот меч

Кошаркарите на Работнички откако добија „метла“ од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот, во битката за третото место во кошаркарската Прва лига, загубија од Куманово во првиот меч. Серијата се игра во три добиени натпревари, а Кумановци се стекнаа со предност, благодарение на одличната игра во последниот период, кога направија пресврт и славеа триумф од 79-74.

Работнички ја доби првата четврина со 23-21, а на полувреме замина само со поен предност. Во третиот период на неколку пати Работнички дојде до +6 поени предност, но ги прокоцка во финишот, па во последната четвртина се влезе само со еден поен разлика. А, таму Куманово максимално ги искористи грешките на противникот, за да слави во првиот меч.

Тадиќ со 18 поени беше најефикасен на средбата, додека Јаневски постигна 16 поени. Луковиќ имаше 15 поени и дури 14 скокоа. Кај Работнички Роше имаше 15 поени.

Се вчитува...