Работнички во обид да го запре победничкиот пролетен старт на Шкендија

Работнички на националната арена „Тодор Проески“ денеска од 14 часот во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига ја пречекува Шкендија. Во обид да го запре победничкиот од на тетовци, низ првите две кола од стартот на пролетната сезона.

Офанзивниот фудбалер на Работнички, Кристијан Стојкоски, вели дека тој и соиграчите се подготвени за надигрување со првопласираната екипа во шампионатот.

„Шкендија заслужува респект, се работи за првопласираниот тим во лигата, но тоа од друга страна за нас е и уште поголем мотив да одиграме најдобро што знаеме. Анализиравме дел од грешките кои ни се појавија на претходниот меч против Силекс и ќе се потрудиме да не ги повториме на утрешниот натпревар. Подготвени сме за надигрување со Шкендија“ – порачува Стојкоски.

Но, подготвени за надигрување се и во таборот на Шкендија. Составот на Ернест Ѓока верува дека може до победата, иако се свесни дека гостувањето во Скопје ќе биде повеќе од тешко. Поради повреда кај лидерот ќе недостасува стоперот Јан Кривак, а неизвесен е настапот и на Павиќ.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Се вчитува...