Кошаркарите на Работнички со победа на гостувањето кај Струмица од 85-92 ја отворија новата сезона во Суперлигата на Македонија.
Гостите фуриозно го отворија натпреварот и веќе на пауза меѓу двете полувремиња имаа убедлива предност од 27-50. Како одминуваше натпреварот домаќините играа се подобро. Во последниот период успеаја да дојдат на само пет поени негатива (73-78), но на крајот тоа беше се што успеаја да направат. Работнички некако се консолидираше и стигна до воведен триумф во шампионатот од 85-92.
Виктор Ефремовски со 29 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 31 поен на Кем Крафорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
