Работнички загуби од Ријека, Стефан Ристовски асистент

Фудбалерите на Работнички претрпеа пораз од 2-0 од хрватскиот шампион Ријека на контролниот натпревар што попладнево се одигра во Крањска Гора, Словенија. Ослабени поради неиграњето на неколкуте младински репрезентативци на Македонија, „романтичарите“ солидно му парираа на првакот на Хрватска, но сепак не успеаја да се изборат за позитивен резултат.

Избраниците на Виктор Треневски можат да жалат за периодот од 20. до 35. минута во кои беа подобар ривал на теренот и создадоа три шанси, една преку Велинов и две преку Сахити, но не успеаја да го совладаат голманот на Ријека.

Казната стигна во второто полувреме, кога хрвтскиот состав набрзина, во периодот од 60. до 62. минута, постигна два гола преку Матеи и Хебер, а треба да се истакне и дека асистент при вториот погодок за Ријека беше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Се вчитува...